Филипче: Протоколот за изборите ќе се финализира во следните два до три дена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Filipce-2

Во вчерашното гостување во емисијата „Клик Плус“, на ТВ21 министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, во однос за гласањето на предвремените парламентарни избори потенцираше дека гласањето би требало да се спроведе на луѓе кои се на домашно лекување, луѓе кои се во изолација и на луѓе кои имаат хронични болести со цел да им се олесни пристапот до гласањето.

— реклама —

„Имаме сосем доволна количина и на заштитна опрема за сите и лекари, но и членови на избирачките одбори коишто треба да ги спроведат изборите. Ги изработивме протоколите. Комисијата за заразни болести најпрво на барање на претседателот на државата, после една од лидерските средби се побара протокол како би се извеле изборите. Може да кажам дека тој протокол е практично протокол којшто се базира на истите принципи на организација на било каков настан, без разлика дали е во надворешни или во внатрешни услови. Исто се запазуваат овие принципи на дезинфекција, маска и дистанца. Врз основа на тој протокол имавме состанок со Државната изборна комисија, произлегоа повеќе прашања на коишто одговоривме. Последното барање е да се даде една малку изменета форма, меѓутоа во континуирана комуникација сме и сето тоа ќе се финализира во следните два до три денови“, истакна министерот Филипче.

фото: Архива

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања