„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Филипче; Расте бројот на излекувани пациенти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
filipce-2

Излекувани се вкупно 272 досега, а од нив најнови се 48, од кои шест се лекувале во болница и 42 во домашни услови, истакна на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче. Минситерот додаде дека расте бројот на излекувани пациенти и тоа охрабрува и е дополнителна мотивација за лекарите во болниците и за матичните лекари.

— реклама —

„Конкретно денеска со 2 негативни теста регистрирани се 46 пациенти. Што значи дека вкупниот број денеска изнесува 272. Имаме еден починат во болницата „8. септември“ којшто таму се лекувал од девети април на возраст од 51 година.

Филипче соопшти дека Државниот санитарен инспекторат денеска го завршил увидот во Велес и утврдени се наоди, а утре ќе биде направен конференциски разговор со директорот на Ценгарот за јавно здавје и на одделенија за да се одлучи како ќе се постапува понатаму.

— реклама —

Завршила и инспекција на Клиниката за онкологија, каде има осум позитивни вработени и 20 што биле во контакт со нив се во изолација. Работата таму е во фунцкија и е направена реорганизација. До петок или до понеделник ќе има нов распоред за делење на терапија за пациенти во Штип и во Тетово, како најголеми центри, за да не патуваат до Скопје.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања