Филипче: Разговараме со земјите од регионот кога да ги отвориме границите без ПЦР тестови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Се водат разговори меѓу земјите од регионот да се отворат границите со една изедначена политика, а тоа е да се отворат без ПЦР тестови, рече денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

— реклама —

Земјите-членки на ЕУ имаат само препорака, немаат генерална политика на ЕУ по ова прашање и во таа смисла имаат слобода да одлучуваат каков ќе биде режимот на границите. Точно е дека најавивме во неколку наврати претходните недели дека ќе имаме некаква одлука, но за жал го чекавме одговорот од соседните земји. Конечно одговорија во текот на изминатата недела, профункционира системот на координација, кој сега е поддржан од Американската амбасада во Скопје. Искрено се надевам дека дефинитивно ќе се разменат сите информации и врз основа на тоа што значи точна епидемиолошка ситуација во секоја од земјите од Западен Балкан плус Бугарија и Грција ќе заземеме заедничи став. Комуникацијата се базира на тоа дека превентивните мерки треба да се почитуваат – изјави Филипче.

 

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања