„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Филипче: Салите може да ги направиме болници, но само ако мора, Ние повеќе го разгледувавме германскиот систем на лекување, во кој сите пациенти со полесна слика се на домашно на лекување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
arena

На прес конференцијата денеска министерот за здравство, Венко Филипче, запрашан дали ќе го следи примерот на Бугарија и на Хрватска, кои ги оспособија своите најголеми сали како резервни болници, министерот истакна:

— реклама —

„Ја спомнавме и оваа можност, дискутирана е, но сметаме дека такво нешто би преземале дури во некоја понапредна фаза или, како некоја последна мерка. Имаме околу 500 кревети кои се оспсобени и би можеле да ги користиме за такво нешто, но засега експертите сметаат дека не е потребно. Ние повеќе го разгледувавме германскиот систем на лекување, во кој сите пациенти со полесна слика се на домашно на лекување, а во болница се оние кои мора да се на респираторни машини и оние на кои би можела да им биде потребна помош“, изјави Филипче.

Инаку ова прашање се актуализира, откако се објавија фотографии на кои се гледа дека загрепска „Арена“ и  Софиски „Армеец“ веќе се оспособени како резервни болнички капацитети, со кревети на паркетот, за случаи кои не се во многу сериозна состојба. Во нашата земја такви капацитети би можеле да бидат двете најголеми сали, „Борис Трајковски“ и „Јане Сандански“.

— реклама —

фото: ФБ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања