Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Филипче: СДСМ го откажува маршот во Богданци, на 8 Март се приклучуваме на граѓанскиот протестот „Нема да нè снема“ во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-library2aklf6fc9vip4HnYB5U

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го откажува традиционалниот марш по повод 8 Март, кој требаше да се одржи утре во Богданци, и наместо тоа ќе се приклучи на протестниот марш „Нема да нè снема“. Ова го соопшти претседателот на СДСМ, Венко Филипче, истакнувајќи дека партијата ќе биде заедно со граѓаните на протестот што го организираат граѓански организации, активисти и иницијативи за родова еднаквост.

— реклама —

Филипче посочи дека и оваа година СДСМ планирал да го одбележи Меѓународниот ден на жената со традиционалниот марш, на кој требало да се истакнат достигнувањата на жените и да се побара подобрување на нивната положба во општеството. Сепак, трагичниот настан во Скопје, во кој животот го загубија мајка и дете, длабоко ја потресол јавноста и партијата.

— реклама —

Според него, станува збор за трагедија која укажува на сериозни системски проблеми поврзани со насилството врз жените и недоволната заштита од институциите.

„Ова не е само индивидуална трагедија, туку уште еден трагичен доказ за системскиот проблем со насилството врз жените, за неадекватната заштита и реакција на институциите“, нагласи Филипче.

— реклама —

Тој додаде дека членовите и симпатизерите на СДСМ на утрешниот протест ќе учествуваат како граѓани, а не како организатори.

— реклама —

Филипче порача дека институциите мора итно да реагираат на секоја пријава за насилство, да обезбедат вистинска заштита за жртвите, како и брзи мерки и соодветно казнување на насилниците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9jh8rln362q60YzjDzg

(Видео) „Со кого преговарал Мицкоски за Алта банка – со Мацура, со Вучиќ или со двајцата?“, вели Филипче

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

(Видео) „Кој е Мицкоски да продава банки, што е тој премиер или дилер за продажба на Алта банка?“, вели Филипче

Македонија | пред 1 час

media-library6k2mno83vtst6eP3wWt

„Гордана Димитриеска Кочоска да си поднесе оставка, лаже за Алта банка“, вели Филипче

Македонија | пред 4 дена

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Не им дозволуваат на граѓаните да си ги земат парите за да го спасат капиталот на криминалната банка“, обвини Филипче зборувјќи за „Алта“

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања