Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Филипче: Сè е договорено, уште Мицкоски фалеше да го пречека Груби на граница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-librarybl8dm9ud2j6na7HpA0p
Скопје1.мк

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека случајот со враќањето на Артан Груби и одлуката за определување куќен притвор претставуваат јасен показател за политички договор и директно влијание врз судството и обвинителството од страна на власта.

— реклама —

Одговарајќи на новинарско прашање, Филипче посочи дека уште од моментот на враќањето на Груби се поставуваат исти прашања без да се добие одговор. „Како е можно на тој начин да се врати бегалец од правдата, да го пречекаат камери, да го пречека специјална полиција и да оди во домашен притвор? Сте слушнале ли одговор од ВМРО-ДПМНЕ? Не. Ниту ќе слушнете. Поради тоа што има договор. Тоа е вистината“, рече Филипче.

— реклама —

Тој оцени дека премиерот избегнува конкретни одговори на суштинските прашања и дека, наместо појаснувања, нуди дефокус и несоодветни коментари. Како пример го наведе прашањето за новопоставениот конзул на Македонија во Србија, Душан Адамовиќ, за кое, според него, не бил даден одговор.

— реклама —

Филипче нагласи дека ваквиот развој на настаните не може да се случи без политичка координација и контрола врз институциите. „Такви политички договори во коишто судството и обвинителството се послушници никому не носат добро. Уште премиерот фалеше дека ќе го пречека Артан Груби на граница“, изјави тој.

Според него, наместо институциите да функционираат независно и согласно законите, јавноста сведочи на координирани чекори – од медиумското покривање на враќањето, до експресното определување куќен притвор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

(Видео) Врати го името, му рече Филипче на Мицкоски

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library5599haamqj8b3gCjaWK

(Видео) Филипче до Мицкоски: Вети враќање на името и поништување на Преспанскиот договор – ајде, исполни!

Македонија | пред 1 ден

media-library58o0pptggnvpf5JpTKc

(Видео) „Ја промаши професијата - би бил добар уредник на „Информер“ и Колегиум“: Филипче до Мицкоски

Македонија | пред 1 ден

media-libraryouv2cb98p7a5awoQPvE

(Видео) „Знам дека ти е тешко, ти го снема и вториот ментор од Србија“: Филипче до Мицкоски

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања