Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Филипче се сретна со директорите на повеќе клиники и ГОБ 8 Септември

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
22.11-4

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, денеска се сретна со директорите на повеќе клиники во Скопје, каде се отворени ковид центри, како и болницата ГОБ 8 Септември.

На состанокот се зборуваше за состојбата на пациентите хоспитализирани во ковид одделенијата, усогалсеноста и функционирањето на интерните клиники, бројот на слободни кревети, дали здравствените работници имаа дополнителна потреба од заштитна опрема за работа. На хируршките клиники неделава веќе ќе бидат отворени дополнителни болнички кревети за лекување ковид пациенти, но тие засега остануваат како дополнителен капацитет.

— реклама —

-Анализата на досегашната поставеност на системот во зградата на интерни клиники покажа дека добро функционира, дава резултати во поголем број на оздравени пациенти и доволен број на слободен кревети. Капацитетите брзо се пополнуваат, но скоро воопшто да не се чека за хоспитализација, не само на пациенти од Скопје, туку од секаде низ државата - рече министерот Филипче.

— реклама —

Министерот потенцираше дека од клучна важност е да не се намали редовниот програм на клиниките за акутните и хрончните пациенти кои имаат потреба од лекување.

— реклама —

Овој критичен период ќе продолжи и во наредните недели рече министерот Филипче, целиот кадар на јавно здравствените установи е мобилизиран, а притисокот врз болницитеочекуваме да продолжи и во следните месеци, затоа од клучна важност е граѓаните да ги почитуваат превентивните мерки за заштита од ковид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања