„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Филипче: Шест патници од автобусот што се преврте во Лесковац се со сериозни повреди

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
venko-filipce

Шест лица потешко повредени од сообраќајната несреќа на македонскиот автобус кај Лесковац се хоспитализирани во болницата во Ниш. Тие се во стабилна состојба, но со сериозни повреди. Синоќа шестмината повредени ги посети министерот за здравство Венко Филипче, а претходно и генералниот секретар на Владата Драги Рашковски.

— реклама —

Во Клиничкиот центар во Ниш дојдовме на посета на посериозно повредените патници од превртениот автобус. Вкупниот број на пациентите кои овде се третираат изнесува шест. Засега се сите стабилни, но сериозно се повредени и им треба уште еден период од неколку дена во којшто нивните витални параметри ќе се следат. Кај двајца од тие шестмина може да дојде до ситуација во која што можеби ќе биде потребна и хируршка интервенција, изјави Филипче во Ниш.

Претходно, како што изјави министерот, ги посетил повредените патници хоспитализирани во болницата во Лесковац.

— реклама —

Во болницата во Лесковац се сместени осум патници со полесни повреди, и како што рече Филипче, за  ден до два ќе бидат упатени на натамошно домашно лекување во Македонија за што ќе бидат во континуиран контакт со колегите од Србија и заеднички ќе го организираат првозот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања