Филипче: Скопје е една функционална единица, со полицискиот час го штитиме целиот град

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Filipce-1

Од денес од 21.00 часот до понеделник до 5.00 часот наутро, се ограничува движењето на граѓаните на сите општини од град Скопје. Мерките за ограничено движење за време на претстојниот продолжен викенд во Скопје се предлагаат за сите општини, бидејќи градот е една функционална единица. На вчерашната прес конференција министерот за здравство Филипче истакна дека не станува збор само за една единствена мерка, туку надополнување на многу специфични мерки кои се имплементираат во општините, а согласно податоците кои се добиваат од епидемиолошките анкети.

— реклама —

Според Институтот за јавно здравје, во Скопје заклучно со вчера активни се 392 лица позитивни на Ковид-19, или дадено по општини: во Чаир активни се 97, Сарај – 47, Аеродром – 47, Бутел – 47, Гази Баба – 38, Центар – 24, Карпош – 17, Кисела Вода - 17, Студеничани - 13, Ѓорче Петров 11, Илинден 10, Шуто Оризари - 9, Арачиново - 8, Петровец – 5, Сопиште -2.

„Скопје е една функционална единица. Многу луѓе, покажаа и анкетите од прашалникот со заболените, со нивните контакти, дека циркулираат низ целиот град. Со оваа мерка го штитиме целиот град Скопје.“ – истакна Филипче.

— реклама —

Заради спречување на дополнително ширење на вирусот во критичните региони, но пред се заради спречување евентуално ширење на вирусот надвор од овие региони, Владата донесе одлука за враќање на полицискиот час и рестрикциите на движењето, при што од денеска од 21 часот до понеделник 5 часот наутро ќе има целосна забрана на движењето на сите граѓани во Скопје (сите скопски општини), Куманово, Липково, Штип, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце, како и општина Карбинци. Во сите други градови полицискиот час ќе трае од четврток (4 јуни) од 21 часот до петок (5 јуни) до 5 часот наутро. Во петок, сабота и во недела полицискиот час ќе почнува од 16 часот и ќе трае до следниот ден до 5 часот наутро.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања