„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Филипче: Следната недела почнуваат подготовки за олабавување на мерките за движење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
venko

Следната недела ќе почнат подготовки за олабавување на мерките за рестрикции на движењето и враќање на животот во нормала, истакна на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

— реклама —

Фазата во која се наоѓаме, со најголеми рестрикции на движењето, ќе се искористи за подготовка на производствените капацитети, рестораните и економските оператори да се подготват за постепено враќање на вообичаениот начин на работа.

„Се подготвуваме и за периодот, тогаш кога ќе дојде согласно бројот на новодијагностицирани пациенти за кои, искрено се надевам, согласно предвидувањата некаде на крајот на април да го достигне врвот, постепено животот да се врати во нормала, целокупниот работен процес. Сакам да упатам една јасна порака дека нема да може така лесно целокупниот работен процес, но и животот да се врати во нормала со истиот интензитет имајќи го имаме предвид искуството на некои други земји и предвидувања дека секогаш постои ризик и за втор пик, врв на дијагностицирани пациенти. Во таа насока следната недела почнуваме интензивна комуникација со претставници на стопанските комори на кои од наша страна, од страна на Комисијата за заразни болести ќе им се даде јасна насока на економските оператори, на производствените капацитети, на рестораните како треба нивниот процес да го организираат за тогаш кога ќе се одлучи дека е дојден моментот да се отстранат сите овие рестриктивни и ригорозни мерки и целокупниот тој процес постепено да се врати во нормала. Сето тоа ќе се работи во овој период додека траат мерките, за кои искрено веруваме дека ќе стават крај на патот на ширење на вирусот“, рече министерот Филипче.

— реклама —

„Мерките ќе се олабавуваат постепено за да не се случи нагло зголемување на бројот на пациенти. Ова е тежок период, убаво е времето и навикнати сме надвор, но мора да издржиме, да се почитува забраната и за што пократко време да може да кажеме дека сè што сме направиле вредело“, рече министерот.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања