Министерот за здравство Венко Филипче смета дека периодот пред нас ќе биде мирен што значи дека ќе има можност за одржување на избори. Oдговарајќи на новинарско прашање дали е возможно одржување на изборите, министерот истакна:
-Пред нас е еден мирен период, заради тоа што имавме досега строги мерки, видливи се резултатите од рестрикциите на движењето и затворените граници, Според дискусијата, според предвидувањата сметаме дека пред нас е еден мирен период, период во којшто може да се изменаџира овој евентуален број на пациенти со којшто може да се соочиме. Тоа што е на некој начин е што сите новодијагностицрани пациенти се во врска со точно утврдени настани, еден погреб во Тетово, еден настан семеен во Скопје. Отворените граници, патувањата, влезот на наши граѓани во странство и враќање назад, деца во училиште...тоа се фактори коишто може да ја влошат епидемиолошката слика. Тоа се предвидувањата врз основа на научните сознанија, такви се предивувањата и затоа сега врз основа на тие анализи го препорачуваме ова олабавување на мерките. Ова се аргументите поради кои сметаме дека периодот пред нас ќе биде мирен и ги кажав ризците, коишто таа епидемиолошка слика можат да ја влошат, а врз основа на чии предвидувања ги воведовме рестриктивните мерки“, истакна Филипче.
фото: Архива