Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Филипче со детали од новиот Закон: Сите тендери и јавни набавки ќе се водат преку блокчејн платформа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

о рамки на Фронтот за вистина и правда, како дел од  Законот за нулта толеранција на корупција и целосна дигитална транспарентност, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави целосна дигитализација на јавните набавки, тендери и услуги, според естонскиот модел. Филипче посочи дека сите тендери, дозволи, субвенции и плаќања ќе се реализираат преку единствена национална дигитална платформа која ќе се темели на блокчејн технологија.

— реклама —

Тој објасни дека новиот систем ќе овозможи целосна транспарентност во процесите, без директен контакт меѓу граѓаните и институциите, а секоја постапка ќе може да се следи во реално време.

— реклама —


„Сите тендери, дозволи, сувенции и плаќања ќе се прават исклучиво преку онлајн апликација и една национална дигитална платформа која што ќе се темели на блокчејн технологија.Граѓанинот или компанијата поднесува барање со клик и го следи целиот процес во реално време. Нема физички контакт со службеници. Моделот е естонски, 99% од услугите се онлајн и благодарение на тој модел, Естонија е една од најмалку корумпираните земји во Европа. Финансирањето е преку ИПА фондовите за дигитализација, плус грантови од Европската Унија“, рече Филипче.

— реклама —


Инаку на денешната прес-конференција, Филипче  го објави Фронтот за вистина и правда, со столбови кои опфаќаат  Закон за нулта толеранција на корупција и европска правда, иднина за младите, достоинствен живот за сите, подобар животен стандард и силно село и земјоделци. Клучниот столб на програмата е  Законот за нулта толеранција на корупција и дигиталната транспарентност.

— реклама —


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6k2mno83vtst6eP3wWt

„Гордана Димитриеска Кочоска да си поднесе оставка, лаже за Алта банка“, вели Филипче

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Не им дозволуваат на граѓаните да си ги земат парите за да го спасат капиталот на криминалната банка“, обвини Филипче зборувјќи за „Алта“

Македонија | пред 5 дена

media-libraryesl6lk5d2sbn9mZIdPT

(Видео) „Алта банка е уште еден доказ колку е криминална и арамиска власта на Мицкоски“, вели Филипче

Македонија | пред 1 седмица

media-library93nenmtullj09tH7s2N

(Видео) Филипче: Укажувавме за Алта банка - блиска до Вучиќ, пари од криминал, трговија со дрога, опљачкани од народот

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања