Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Филипче со емотивен статус за „Ласкарци“: И денеска Јасмина се сретна со Седат, човекот кој ја извлече од под автобусот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
sedat-jasmina

ФБ статус на министерот за здравство Венко Филипче:

— реклама —

-На денешен ден пред една година се случи страшната сообраќајна несреќа кај селото Ласкарци, која сите нас не научи на поголема хуманост и солидарност. Не научи да си помагаме кога е најпотребно и да се грижиме едни за други.

Минатата година, Седат успеа да ја најде патничката на која ѝ помогнал да преживее под автобусот кој се преврте кај Ласкарци. Неговата најголема желба била Јасмина да биде жива. Заеднички ја најдовме и бев сведок на емотивниот момент кога таа го запозна човекот што ѝ го спасил животот.

— реклама —

Утрово се сретнав со Седат и Јасмина. Таа се заблагодари за целокупната грижа од страна на медицинскиот персонал затоа што е повторно жива. Во вакви тешки моменти се гледа хуманоста и добрината, се гледа пожртвуваноста да се помогне. Тоа се моменти што не потсетуваат дека тука сме да помогнеме еден на друг.

На тој ден, целокупниот здравствен систем беше активиран за 15 минути и здравствените работници направија сѐ за да ги спасат животите на тешко повредените.

Најдлабока благодарност за сите здравствени работници кои го дадоа својот максимум за да ги спасат човечките животи на нашите сограѓани, пријатели, роднини. Најголема благодарност за професионалноста и медицинската стручност. Никогаш повеќе да не ни се случи ваква трагедија.

https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/pcb.2312319222408431/2312317925741894/?type=3&theater

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања