Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Филипче: Со оглед на тоа што се работи за колешка, морам да кажам дека сум максимално разочаран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
filipce-venko

Најостри казни за сите кај кои ќе биде утврдено дека не ги почутуваат препораките за заштита од коронавирус, најави денес министерот за здравство Венко Филипче откао соопшти дека негова колешка, директорка на Клиниката за дерматологија пет дена доаѓала на работа место да остане во изолација откако се вратила од Италија.

— реклама —

Директорката е сместена на Клиниката за инфективни болести, а вирусот и бил дијагностициран доцна синоќа.

„Со оглед на тоа што се работи за колешка, морам да кажам дека сум максимално разочаран. Таа сега е на лекување насочени сме кон тоа прво да се излекува. Секаде каде што ќе видиме дека има прекршок ние ќе преземеме најостри мерки на санкционирање. Освен тоа што таа е на лекување, во овој момент не можеме и ништо друго да преземеме во смисла нејзино разрешување, поради изборите, но мерки ќе има секако“, изјави за „А1он“ министерот Филипче.

— реклама —

Тој уште еднаш апелира сите што доаѓаат од ризични региони, доколку на граница немаат симптоми, да останат во автоизолација 14 дена оти инкубацијата е најризичниот стадиум од болеста.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања