Министерот за здравство Венко Филипче вечерва во емисијата „Само вистина“, истакна дека е крајно време е да се почитуваат мерките, токму онака како што се пропишани.
-Со мерките кои ги препорачуваме очекуваме за еден месец оваа бројка за заболени, значајно да се намали. Мерките се сосема добро димензионирани, лекарите се борат за секој еден пациент. Согласно нашиот план, ослободувааме се повеќе кревети, нема да дозволиме да нема болнички кревет, но нашиот здравстен систен е под голем притисок и во таа смила се сите овие рестрикции кои што се на сила, истакна министерот Филипче.
Министерот додаде дека за хронично бочните е овозможено целосно електронско продолжување на боледувањето, како и електронски рецепти.
За останатите хронично болни кажа дека повторно се ослободуваат од работа, но со боледување.
Филипче критикуваше опозицијата затоа што организирала собири.
-ВМРО-ДПМНЕ се тие кои организираат средби и се сликаат без маски, 30-40 луѓе. Кога се дава изјава, се трга маската, на кратко и кога другите носат маски. Но, греота е ова што го прави опозицијата. Пораката што ја праќаат што е, дека се посилни од вирусот? Не може да праќаме пораки дека нас никој не ни може, дека не носиме маски, врече Филипче.