„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Филипче со порака до колегите - Херојска е борбата на здравствените работници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
13.11-5

Mинистерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, заменикот министер за здравство д-р Илир Хасани и првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, денеска беа во посета на Општата болница Гостивар, во која целосно е реновирано хируршкото одделение.

— реклама —

Со реновирањето, вработените имаат подобрени услови за работа според најсовремените стандарди, а пациентите имаат значително подобри услови за престој и лекување. Вредноста на оваа инвестиција изнесува околу 15 милиони денари.

Министерот Филипче пред вработените во оваа установа истакна дека херојска е борбата и работата што ја вршат здравствените работници во целиот овој изминат период, за да се подготви и престрои системот за нешто за што никогаш ниту не предвидел дека ќе се случи, ниту бил спремен, ниту пак очекувал.

— реклама —

„Вие и вашите колеги во сите други јавно здравствени установи тоа го направивте во исклучително краток временски период. Помош таму кадешто е најпотребна прераспределба на кадарот, помош на докторите и сестрите коишто работат на инфективното одделение и сега и на интерното пренаменето за третман на пациенти со ковид. Сакам искрено да ви честитам и да ви се заблагодарам и да укажам на тоа дека водиме сметка за секој еден којшто е вклучен во оваа битка. Со последниот ребаланс на буџетот се одвои значителна сума на средства којашто ќе оди како награда еднократна во следните месец дена за сите здравствени работници коишто работат со ковид пациенти.“ - потенцираше Филипче и потсети дека минатата година во болницата во Гостивар целосно биле реконструирани операционите сали и набавена нова опрема. Тој најави и дека во 2021 година со помош од Европската унија, болницата ќе добие апарат за магнетна резонанца.

Вице-премиерот Груби изјави: „Вчера го славевме херојството на фудбалерите, и беше ден посветен на нив. Се радувавме сите заедно. Но, всушност наши секојдневни херои се оние кои секојдневно се борат со последиците од пандемијата и се нашите вистински, секојдневни херои. Им честитам, им се заблагодарувам на сите за целиот нивни придонес. Честитки и за новиот оддел, се надевам дека граѓаните ќе бидат задоволни од услугата“.

За да се одговори на предизвикот со ковид-19, во Општата болница во Гостивар зголемени се болничките капацитети. Од почетокот на пандемијата, инфективното одделение располагаше со 18 легла. Со реновирањето на стариот простор за дијализа, но и спремното интерно одделение, сега болницата располага со вкупно 65 кревети. Направен е нов распоред и реорганизација, уклучени се сите интернисти и специјализанти кои се вратени од специјализација на припомош. Обезбеден е доволен број на медицински кадар. Установата, и во услови на ковид-19 продолжува со редовните прегледи и интервенции за пациентите во овој регион, кој опфаќа 200 илјади жители.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања