Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Филипче со порака: Се надевам пратениците ќе направат дистинкција на тоа што е системска слабост

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
venko-filipce-7

„Во мојот мандат додека бев министер за здравство, немаше ниту еден пациент што останал без лек. Водев сметка да има лекови за пациентите и тие да се со сертификат за европски квалитет“, напиша ексминистерот за здравство, Венко Филипче.

— реклама —

Тој додава:

— реклама —

„Од 2018 воведов систем со кој се стави крај на дотогашниот паралелен увоз на лекови со сомнително потекло. Дотогаш лекови во државата се увезуваа без сертификат за квалитет, без потекло, такви лекови им се даваа на пациенти со малигни болести, на пациенти со дијабет. За првпат во историјата на македонското здравство обезбедивме современи и најдобри медицински третмани со биолошки лекови и современа терапија за онколошко-хетамтолошките пациенти.

— реклама —

Дури и во време на Ковид, овозможивме специфичен начин на работа на УКРО, на пациентите им се носеше терапија до местото на живеење и воведовме психолошка поддршка на онколошките пациенти. Им благодарам на сите Здруженија на пациентите со малигни заболувања кои беа силна поддршка во процесите кои ги носевме заедно за доброто на пациентите. Давањето, контролата на лекови е работа на менаџментот на Клиниката. Министерот не знае како се даваат терапиите.

— реклама —

Во мојот мандат не сум дал никаква иницијатива за воведување на КАТО систем, ако сум дал предлог истиот ќе сум го имплементирал. До моментот на моето доаѓање на функција, немав никакви сознанија кои биле практиките и принципите на работа на Клиниката за онкологија. Се надевам дека пратениците во Анкетната комисија ќе направат дистинкција на тоа што е системска слабост, а доколку имало каков било криминал тоа да го истражат надлежните органи и да се одговара“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања