Филипче: Со укинувањето на квотите решивме децениски проблем

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
apteka-kvoti-lekovi

Со укинувањето на квотите за лекови на рецепт во аптеките ширум целата држава - решен е деценискиот проблем. Сега, граѓаните имаат достапни лекови во секое време.

— реклама —

„Веќе десетти месец како лекови има во секое време, било да е тоа на почетокот, на средината или кон крајот на месецот. Граѓаните имаат редовен пристап до лекови во текот на целиот месец. Тие повеќе не прават домашни залихи и не стравуваат дека ќе останат без потребниот лек. Со оваа мерка која ја имплементиравме најмногу им помогнавме и на пензионерите. Се грижиме максимално за нивното здравје. Горд сум што ги решаваме најкрупните и најважните сегменти од јавното здравство. Докажавме дека пациентот ни е на прво место. Го зајакнавме нашиот здравствен систем. Продолжуваме и во следниот период да го унапредуваме јавното здравство“, потенцираше министерот Филипче.

Мерката за укинување на квотите за лекови на рецепт во аптеките започна во месец август 2019 година, како прва фаза во аптеките во регионите на туристичките места Охрид, Дојран, Гевгелија, Ресен и Струга. Минатата година, на први октомври, се укинаа целосно квотите во аптеките на територија на целата држава.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања