Филипче: Состојбата со болниците е стабилна - ГОБ „8 Септември“ и болницата Козле постепено се враќаат на редовно хоспитализирање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
06032020_VRSM_Filipce_pres

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче осврнувајќи се на епидемиолошкиот аспект, истакна дека состојбата со КОВИД 19 е стабилна, вклучително и состојбата со болниците каде практично секаде има слободни болнички капацитети.

— реклама —

Во однос на состојбата со коронавирусот согласно последниот извештај на Институтот за јавно здравје, од случаите во изминатата недела, Филипче информираше дека хоспитализирани биле вкупно 71 од новозаболените што е намалување од 40,3% во однос со претходната недела.

„Овој тренд го пратиме во сите интитуции, каде се лекуваат ковид пациенти, што е многу важно во однос на менаџирање на целокупниот болнички капацитет. Во болницата Козле останати се уште неколку возрасни пациенти. Верувам од крајот на неделата понатаму ќе биде повторно наменета само за лекување на деца. Слободни кревети има на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, околу 70 окупирани. Значајно намалување на бројот на хоспитализирани пациенти има и во Градската општа болница „8 Септември“ - денеска околу триесетина, што дозволува постепено да се врати нормалното хоспитализирање, посебно на болницата „8 Септември“ преку системот Мој Термин“, потенцираше министерот Филипче.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања