Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Филипче: Тиквешијата страда, Мицкоски и ДПМНЕ го срушија достоинството на лозарите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
media-librarylb4grqvav3s821jfNql

Претседателот на СДСМ Венко Филипче на вечерашната трибина „Се бориме за нашиот дом“ од Кавадарци потенцираше дека достоинството на земјоделците и лозарите е срушена поради неспособноста и погрешните политики на власта.

— реклама —

Тиквешијата страда од оваа власт. Ако има еден сектор кој беше срушен целосно во изминатата година, тоа е земјоделието. Неспособноста на Мицкоски и Трипуновски го сруши достоинството на земјоделците, но најмногу на лозарите. СДСМ и јас лично се заложивме да помогнеме, предложивме конкретни мерки и закони, но власта ги одби. Одби затоа што оваа влада не се грижи за обичниот човек, за работникот, за оној кој произведува, се грижи само за крупниот бизнис. Но и таму не им оди работата, затоа што индустријата слабее и инвестициите паѓаат, рече Филипче.

— реклама —

Тој од Кавадарци зборуваше за напорот на СДСМ да им помогне на земјоделците и од опозиција, предлагајќи дополнителна субвенција од три денари по килограм предадено грозје за сите лозари кои ќе го предадат грозјето кај регистрираните винарии од 1 август 2025 година, но од власта предлогот не беше прифатен.

— реклама —

Реагиравме остро и на тоа што оваа година не ја објавија производната цена на грозјето, иако се законски обврзани да го сторат тоа. Со објавувањето законот кој го донесе СДСМ винариите ќе мораа да ја почитуваат методологијата која предвидува надомест од најмалку 25% над производната цена. И намерно не ја објавија, за да не се знае колку е точната цена на трудот на лозарите и колкави се нивните трошоци, рече Филипче.

Тој исто така рече дека СДСМ предложи и укинување на одредбата која овозможува винариите да ја намалат цената за 8% доколу лозарите побараат брза исплата, што според Филипче е пракса која за жал се користи за уцена и манипулација со трудот на производителите. Но и оваа мерка не била прифатена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryd12cvcl72ad37KjwVDn

Владата го одби амандманот на СДСМ за над една милијарда денари дополнителна поддршка за земјоделците

Македонија | пред 9 часа

— реклама —
media-library5bl037kdm1f1bS9sQDN

СДСМ: Муцунски за Ива Михаилова вели „Непристојно е земја членка на ЕУ да стане прибежиште за бегалци од правдата" - а за Груевски?

Македонија | пред 17 часа

media-librarydi2a0nqmq6ra5yxVQxa

„Левица не само што е руска партија туку и Македонија ја сака во БРИКС“, вели СДСМ

Македонија | пред 19 часа

media-librarynhterufv9d686KaULkj

Трајчулески до Мицкоски: Ќе се откажете ли од спојувањето на АНБ и Агенцијата за разузнавање?

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања