„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Филипче: Три месеци се справуваме со коронавирусот, неколку пати кажавме дека првата битка е добиена, но борбата ќе трае

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
04052020_MZ_Filipche_press-1

Министерот за здравство, Венко Филипче по седницата на Владата за олабавување на мерките, рече дека граѓаните мора да ги почитуваат мерките, бидејќи ако тоа не биде така, агонијата со вирусот ќе продолжи, а по неколку месеци, повторно ќе мора да се воведат рестриктивните мерки.

— реклама —

„Сега по три месеци ние на некој начин сме на една раскрсница, дали да продолжиме постепено да го враќаме животот во нормала, да се отвораат и угостителските објекти, бизнисите, постепено и границите, а притоа, граѓаните да ги почитуваат сите мерки кои што се пропишани од Комисијата за заразни болести. Или ако тие мерки не се почитуваат, оваа агонија со вирусот да продолжи понатаму, па по неколку месеци повторно да бидеме соочени со предизвик да воведуваме рестриктивни мерки“, рече Филипче.

Тој кажа дека сите граѓани се одговорни, мерките за носење на заштитни маски, дезинфицирање, дистанца, мора да се почитуваат бидејќи вирусот е тука.

— реклама —

„За жал до овој момент многу граѓани беа жртва и во ризик од граѓани кои овие мерки не ги почитуваа. Ние практично три месеци се справуваме со коронавирусот, неколку пати кажавме дека првата битка е добиена, но борбата ќе трае, ќе мораме да научиме да живееме со вирусот, но мора да се заштитиме. Сакам да кажам дека целосно сме подготвени да се носиме со ситуацијата. Очигледно е дека вирусот е тука и ќе биде тука, веројатно ќе чекаме вакцина и колективен имунитет, иако е тоа далеку.

Да се почитуваат сите мерки, да се носат маските, да се дезинфицираат рацете, да се мијат. Сите сме одговорни“, додаде Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања