„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Филипче: Уште едeн голем чекор за македонското здравство, вграден стимулатор на нервот вагус

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
hirurgija-1200x1066

Уште еден голем чекор напред за македонското здравство.

— реклама —

Денеска, заедно со д-р Владо Башчаревиќ од Клиниката за неврохирургија во Република Србија, неврохирургот д-р Владимир Рендевски, невролозите од Клиника за неврологија д-р Емилија Цветковска и д-р Бојан Бошковски, за прв пат изведовме операција во нашата земја за вградување на стимулатор на нервот вагус кај 36 годишна пациентка.Оваа хируршка метода за првпат се воведува кај нас како редовна терапија за пациенти со најтешка форма на епилепсија, која тешко се контролира со лекови. Операцијата опфаќа имплантација на мал електростимулатор кај пациентот со што се намалува зачестеноста на епилептичните напади кои кај овие паценти знаат да бидат и по десетина на ден. Во текот на наредните денови стимулатор на нервот вагус ќе се вгради кај уште двајца пациенти со тешка форма на епилепсија. Министерството за здравство заедно со ФЗО на РСМ оваа хируршка метода ја ставија како редовна терапија за пациенти со најтешка форма на епилепсија. Со оваа го подобруваме животот на овие пацинети, но и им овозможуваме лекување дома, бидејќи досега за ваков вид на хируршка интервенција одеа во странство. Пациентката кај која денеска беше изведена првата операција се разбуди и добро се чувствува, напиша во својата објава на ФБ, министерот Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања