„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Филипче утре ќе ја разреши директорката на охридската болница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
bolnica-ohrid

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека директорката на болницата во Охрид утре ќе биде разрешена, бидејќи пациентката од Струга која почина од коронавирус не била хоспитализирана, .

— реклама —

-За вчерашниот случај со починатата од Струга, утре ќе биде разрешена директорката  на Охридската болница. Денеска на увид во болницата е државниот инспекторат да утврди евентуално други одговорни, рече Филипче.

— реклама —

Инаку пациентката на 66- годишна возраст од околината на Струга и нејзиниот сопруг биле дијагностицирани позитивни на коронавирус завчера. Пациентката имала срцева болест, хронична белодробна болест и покачен крвен притисок.

Според епидемиолошката анкета, семејството на починатата жена непосредно пред прогласувањето на кризната состојба во Дебар (13 Март) биле на гости во Дебар и имале контакт со еден од таму заболените доктори, а по сознанието дека и тој е позитивен на коронавирус, семејството било во домашна самоизолација.

фото: Охрид

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања