Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Филипче: Вакцинација со „Спутник В“ ќе почне в среда

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
sputnik

Имунизацијата со руската вакцина „Спутник В“ која во нашата земја треба да пристигне утре, се очекува да започне в среда, рече денеска министерот за здравство д-р Венко Филипче. Тој објасни дека завршени се сите административни процедури за вакцината да биде ставена во употреба.

— реклама —

-Од рускиот производител на вакцини ги добивме сите документи за да се спреми административната процедура во агенцијата за лекови, многу веројатно е дека вакцинацијата ќе започне во среда. Од рускиот прозиводител нашата земја има потпишано договор за купување на 200 000 дози вакцини - рече Филипче.

Исто така завршени се сите административни работи, размена на документите и во постојана комуникација сме околу испораката и на кинеските вакцини од производителот Синофарм, посочи Филипче. Во нашата земја, во месец март според најавите на прозиводителот Фајзер треба да бидат испорачани 21.060 дози вакцини, а исто така треба да пристигнат и вакцини од прозиводителот Астра Зенека, кои се обезбедени преку Ковакс механизмот.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања