Филипче: Вакцината за Ковид-19 ќе биде бесплатна за сите граѓани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
covid-19-vakcina

Државата ќе издвои буџет и вакцинирањето против Kовид -19 ќе биде бесплатно, најави министерот за здравство Венко Филипче.

— реклама —

Во интервју за „Слободен печат“ тој говори за актуелната ситуација со ковид-19 во земјава, за очекувањата за наесен и за најавите за набавка на оксфордската вакцина ,,Астра зенека” која ќе се користи во земјите членки на ЕУ.

„Имаме два механизми во овој момент за набавка. Едниот е Ковакс механизмот, преку СЗО и Алијансата за имунизација. Потпишавме писмо на намери и овој механизам им овозможува на земјите рамноправно да им бидат распределени вакцините според бројот на населението тогаш кога ќе излезат на пазарот, од секој последователен производител. Во меѓувреме, добивме и понуда од полската амбасада, за што сакам да му изразам благодарност на амбасадорот на Полска во нашата земја. Земјите членки на Европската Унија потпишаа билатерални договори со компанијата која работи на оксфордската вакцина ,Астра зенека’. Добивме понуда Полска да набави соодветна количина и за нас, заради тоа што нема да имаме можност за билатерален договор. Дефинитивно, со двата механизми обезбедуваме дека вакцината ќе биде достапна и за нашите граѓани, бесплатно“, вели Филипче.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања