„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Филипче: Вкупниот број на дијагностицирани пациенти од коронавирус се искачи на 70

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
04032020_MZ_Filipche_pres-konferencija-1

Вкупниот број на дијагностицирани пациенти од коронавирус се искачи на 70 откако се дијагностицирани тројца нови заболени, информираше министерот за здравство Венко Филипче. Од тројцата новодијагностицирани, една пациентка патувала во Србија, друга пациентка е бабата на 4-годишното девојче од Штип и има уште пациент од Скопје.

— реклама —

Министерот за здравство информираше дека со цел побрзо детектирање на вирусот, ќе се обединат капацитетите на двете лаборатории, на Институтот за јавно здравје и болницата „Жан Митрев“.

Според последните информации, градови кои се зафатени од коронавирусот се Скопје, Дебар, Гостивар, Штип и Охрид. Сите пациенти се со лесна или средна клиничка слика, рече Филипче. Во текот на вчерашниот ден направена е домашна визита кај скоро сите пациенти кои се на домашно лекување, а визитата ќе продолжи денеска.

— реклама —

На домашно лекување се пациентите кои имаат лесна клиничка слика според предвидените алгоритми.

Фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања