Промени тема
Контакт
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

Филипче: Владата побарала 300 милиони евра, а добила само 260 – банките веќе не ѝ веруваат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library9k9ea40vng7p1v56Lpp

За новото задолжување владата побарала 300 милиони евра, а добила само 260 - банките веќе не ѝ веруваат, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека предлог законот за задолжување се носи нетранспарентно по скратена постапка и не се остава простор за дискусија.

„Втората, многу важна работа е што за прв пат, државата не добива толку пари колку што побарала од банките. Побарале 300 милиони евра, а добиле само 260 милиони евра. Исто така, страшно голема каматна стапка, многу блиска на домашните наши банки, 4,57%, и пари кои што не ги обезбедува една финансиска институција, толку конзорциум, групација на повеќе финансиски институции“, рече Филипче.


Тој додаде дека ова е најголем индикатор, дека кредитниот рејтинг на државата е нарушен.


— реклама —

„Нема поголем индикатор дека кредитниот рејтинг на земјава е нарушен и дека и банките повеќе не веруваат на оваа држава. Да не се добијат пари колку што државата побарала, побарале 300, а добиле 260 милиони евра, со висока каматна стапка и не од една, од повеќе финансиски институции, тоа до сега и на тој начин не се има случено. Сето тоа укажува дека оваа власт катастрофално ја води државата и ни претстои финансиски крах“, рече Филипче.


— реклама —

На прес-конференцијата Филипче укажа дека власта ги користи сите механизми за да испумпува народни пари за своите криминални тендери, додека државата ја турка во должничко ропоство.


„Вкупните долгови од 2024 година до сега се зголемени за  нови 2 милијарди евра.

— реклама —


Од 8,4 милијарди евра колку што беше адолжувањето на земјата, долгот расте на 11 милијарди евра, тука влегува и криминалниот заем на кинески пари преку Унгарија од 1 милиарда евра. Се користат сите механизми за да се испумпуваат пари од буџетот кон партиските фирми на ВМРО, криминалната група, и ништо друго не е суштина на овој тип  на задолжување во изминатите две години“, рече Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryo5mk6ntaakhm9ekuhTb

Трајановски: Одговорноста за катастрофата во Гостивар е кај власта

Македонија | пред 8 часа

sdsm-zgrada-1-366121

СДСМ: По седум градови, Лепенец и Вардар – сега Рич и Белотино со загадена вода

Македонија | пред 10 часа

media-library3oq8urer67kg3Il1Yff

„Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа - Евростат зборува со бројки - Мицкоски со бајки“, вели СДСМ

Македонија | пред 16 часа

media-libraryujd54c325i5447Pt9Vc

СДСМ: Бараме денес одговор - кој гарантира и потпиша дека водата во Гостивар е технички чиста?

Македонија | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања