Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Филипче: Власта да се откаже од укинување техничка Влада или СДСМ ќе се повлече од работата за Изборниот закон

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryil7tasdiq4565MuomkL

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција во Собранието изјави дека укинувањето на техничката влада претставува автократски манир и дека СДСМ нема да го прифати ваквиот предлог.

— реклама —

Тој нагласи дека техничката влада не треба и не може да биде укината, бидејќи претставува единствен гарант за спроведување фер и демократски избори. Според него, во услови кога власта има целосна контрола врз судството и кога постојат дилеми околу користењето на податоците од системот „Сејф Сити“, укинувањето не е прифатливо.

— реклама —

„Вакви автократски манири не се дозволени и нема да прифатиме. Да потсетам, тој закон беше донесен за изборите во 2016 година, но на барање на Христијан Мицковски беше вратен во 2018 година и така важеше и за парламентарните избори во 2020 година“, рече Филипче.

— реклама —

Тој додаде дека ваквиот пристап на власта е сличен на начинот на владеење во периодот на Никола Груевски од 2006 до 2016 година. Филипче најави дека доколку предлог-законот продолжи со собраниска процедура, пратеничката група на СДСМ ќе се повлече од работната група за изборниот закон.

— реклама —

„Власта мора да го повлече овој закон. Пржинската влада, како единствен гарант за фер и демократски избори, мора да остане. Доколку законот помине во Комисија и процедурата продолжи, ние ќе се повлечеме од работната група“, изјави Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања