Промени тема
Контакт

Филипче: Власта на Мицкоски го тероризира народот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryhparun6lss652unJ5gS


„Власта на Мицкоски го тероризира народот. ВМРО и ЗНАМ едноставно ја тероризира државата, го тероризира правосудството, ставаат свои партиски луѓе, а премиерот од партиска и собраниска говорница или во јавноста им дава наредби како да работат“, обвини претседателот на СДСМ Венко Филипче во гостување во вестите на Алсат M Телевизија.

Филипче посочи дека, ваквиот пристап на власта има сериозни последици врз демократските процеси и општествените односи во државата.

„Се тероризира демократијата. Владејачкото мнозинство гласаа декларација во собранието, со којшто и забранува на опозицијата да говори на одредена тема, се тероризираат меѓуетничките односи, се загрозува и еден од постулатите на државата. Ова го нема никаде во Европа, ова е антидржавно, антинародно и антиевропско однесување. Оваа влада е таква“, обвини Филипче.

— реклама —


— реклама —

Притисокот, како што посочи, се рефлектира и врз економските текови и буџетската состојба во државата.


„Се тероризира економијата, дефицитот којшто е предвиден за оваа година веќе сега овој месец достигна 60 и кусур проценти од 650 милиони, околу 400 милиони веќе е дефицитот во буџетот. Наплатата на приходите е само 20 проценти“, рече Филипче.

— реклама —


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

(Видео) Филипче: Фалат 1 милијарда евра за исплата на пензии а буџетската дупка продолжува да расте

Македонија | пред 10 часа

— реклама —
media-librarypdt0tre5v1u2dge6uCr

(Видео) Филипче: Која Божиновска бара извинување, Бугарката или Македонката?

Македонија | пред 1 ден

media-library8kqrs88r772q9V7xswt

(Видео) Филипче за Законот на СДСМ за земјоделците: 8 денари за килограм грозје, 10 за пиперка и ориз, 5 денари за пченица

Македонија | пред 1 ден

media-library11umh2gfq8r73Sy6Z9x

Филипче: Огромната буџетска дупка е резултат на катастрофалното управување на Мицкоски

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања