Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Филипче: Власта удри и по средните винарии, треба да продадат 30% од грозјето за да добијат субвенции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library8hq3j8pg4vqe8YoVd7f

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во денешната изјава од Моклиште, Кавадраци, нагласи дека со новите критериуми за добивање субвенции владата директно ги оштетува  средните винарии, а новите правила за субвенции одат  во прилог на само неколку големи компании.


„Средните винарии имаат обврска да продадат,  30% од грозјето на најголемите една или две винарии, со цел да воопшто стигнат до субвенција. Сето ова оди во прилог на потребите на само една или две големи винарии. Лозарите, тие кои мака мачат на сонце на лозовите насади, малите винари, средните винари, сите се намерно оштетени, намалени им се парите или воопшто нема да можат да ги земат, што е една катастрофа за овој регион“, рече Филипче.

— реклама —


Тој додаде дека во новата Програма за субвенции во земјоделството и парите се скратени и условите за добивање субвенции се усложнети.

— реклама —


„Владата ја намалува и Програмата за субвенции во земјоделството во целост. Од 140 на 100 милиони евра. Значи за цела третина, помалку пари, кај сите сектори во земјоделството, сточарството, лозарството, поледелството, овоштарството и нема да имаат овие земјоделци доволно поддршка од државата како што тоа го имаше во времето на владата на СДСМ“, рече Филипче.


Во изјавата Филипче нагласи дека лозарите не можат да очекуваат позитивни вести кога станува збор за поддршката од државата.

— реклама —


„За жал, сметам дека лозарите оваа година немаат да има добри вести во однос на тоа што значи поддршка од страна на владата за развој на овој сектор. Овој сектор земјоделството во мало го означува пристапот на оваа власт генерално во државата. Кражба, пљачка и незаинтересираност за луѓето.Жалам, но оваа власт не се грижи за граѓаните, за државата“, рече Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sdsm-zgrada-1-366121

СДСМ: Тендер-патриотите сакаат на сила да се вметнат во историјата

Македонија | пред 11 час

media-libraryi8nc11fhp99ecwj2nqF

СДСМ го обвини Мицкоски: Со една реченица призна дека граѓаните со години пиеле неисправна вода

Македонија | пред 15 часа

media-library2672l82he69g0mwZWZG

СДСМ: Мицкоски призна — две години ги труеле граѓаните на Гостивар

Македонија | пред 1 ден

media-library2dm69fmklhc560F8vVx

СДСМ: Водата е небезбедна во десетици населени места, бараат јавно објавување на сите анализи

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања