Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ управува со државата по стариот модел

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-library50qruqs53fanamSloh7

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оцени дека нема суштинска разлика меѓу поранешниот премиер Никола Груевски и актуелниот премиер Христијан Мицкоски, обвинувајќи дека станува збор за „иста организирана криминална група“ со идентичен модел на владеење.

Гостувајќи во емисијата „Трилинг“ на телевизија 24, Филипче изјави дека, според него, политиките и пристапот на ВМРО-ДПМНЕ денес се директно продолжение на практиките од времето на Груевски.

— реклама —

„Истата парадигма што тогаш се користеше под раководство на Никола Груевски, сега ја спроведува Христијан Мицкоски. Нема разлика – тоа е иста организирана криминална група“, рече Филипче.

— реклама —

Тој обвини дека власта го „зграпчила буџетот“ и го користи за, како што наведе, доделување тендери на компании блиски до партијата, наместо за интересите на граѓаните.

Филипче се осврна и на правосудниот систем, оценувајќи дека постои политички притисок и контрола, слична на онаа од минатото.

— реклама —

„Кога премиерот јавно кажува кои судии и обвинители се добри, а кои не, тоа е директен притисок врз правосудството. Тоа се автократски манири“, изјави лидерот на СДСМ.

— реклама —

Тој додаде дека ваквиот пристап ја нарушува довербата во институциите и го демотивира професионалниот кадар во судството.

„Потребни се реформи во системот и промена на пристапот на луѓето на врвот на власта. Само така може да се врати довербата во правдата“, заклучи Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања