Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ вети економски развој, а рeaлноста е сурова- граѓаните живеат сè потешко

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
media-library0461dunk4ashbjr7qgM

После сите големи зборови на ВМРО ДПМНЕ, по година и пол од нивната власта, реалноста је сурова - цените дивеат, платите тапкаат, институциите се претвораат во партиски канцеларии, а секојдневието е потешко од вчера, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р  Венко Филипче, на денешната Конвенција за промоција на кандидатите за градоначалници и советници.


— реклама —

„Знам дека повеќето од граѓаните не гласаа од љубов кон нив, туку од надеж дека ќе дојде ред, достоинство и подобар живот. Баравте власт што ќе работи без изговори, што ќе ја средува државата. Тоа е чесна, нормална и очекувана потреба. Но денес, наместо план за иднината, гледаме тешка импровизација“, рече Филипче.


— реклама —

Во обраќањето, Филипче посочи дека ВМРО ДПМНЕ вети поинаква држава, а ја вратија старата матрица.


— реклама —

„Блиските добиваат, останатите се неважни. Ветија економија и развој, а денес се живее сè потешко и потешко. Платите не ги качуваат, цените не ги контролираат, земјоделците не добиваат поддршка, се задолжуваат за 8 милијарди евра. Фирмите молат за поврат на ДДВ кој им следува затоа што државата нема пари. Ова не е промената за која граѓаните излегоа на гласање“, рече Филипче и додаде дека ВМРО ДПМНЕ го злоупотреби гласот и волјата на граѓаните за промени.


— реклама —

Како што кажа Филипче, мора да продолжи борбата против дивеењето на цените, против запрениот раст на платите и против претворањето на институциите во партиски канцеларии.

„Да го свртиме вниманието и сите активности да ги насочиме кон луѓето, кон работниците, кон младите и пензионерите и сите заедници без исклучок. Да подадеме рака секому, водени од грижата, солидарноста, правдата, слободата и еднаквоста, порача претседателот наСДСМ, Венко Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 4 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања