Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Филипче: ВМРО им мачка очи на граѓаните со манипулација, требаше да добиеме 200 милиони евра од ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library2b0dbj5q2joc30TU15J

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвини дека власта на ВМРО-ДПМНЕ манипулира со јавноста претставувајќи ги средствата од европскиот „Reform and Growth Facility“ како голем успех.

Според Филипче, средствата што ги добиваат земјите од Западен Балкан не можат директно да се споредуваат, бидејќи секоја држава добива пари за различни реформи и проекти.

— реклама —

Тој посочи дека Македонија добила 65,7 милиони евра за образование и дигитализација во училиштата, Албанија 49 милиони евра за конкурентност на бизнисите и иновации, а Црна Гора 44,2 милиони евра за истражување и иновации.

— реклама —

„Ова е само една транша од многу, а Македонија требаше да добие многу повеќе – околу 200 милиони евра“, наведува Филипче.

— реклама —

Тој додава дека средствата се доделуваат според принципот „performance-based“, односно државите добиваат средства во зависност од тоа колку реформи реализирале во конкретна област.

— реклама —

Според Филипче, власта со ова „им ги мачка очите на граѓаните“ за да не признае дека клучните реформи – владеење на правото, борбата против корупцијата и реформите во судството – стојат во место.

„Ова не е знак за успех во реформите, туку знак дека се реализирани само неколку проекти во одредена област“, наведува Филипче, предупредувајќи дека следната транша може да биде значително помала или целосно да изостане доколку не започнат сериозни промени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2pnult34j92r4puAdC6

„Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 54 минути

— реклама —
media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени

Македонија | пред 1 ден

media-libraryh34t5e2fhs8b0pLSvdr

„СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

media-librarytvi4ung5gasg9a0uJIc

„Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард, а Алта банка е увезен проблем“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања