Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Филипче: ВМРО изгуби над 150.000 гласови, затоа се обидуваат да го делат СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryj263mmuqb6pc7nBw8Gs

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во вчерашниот поткаст „Риштази“ на Коха, изјави дека ВМРО-ДПМНЕ изгубила повеќе од 150.000 гласови и дека поради тоа се обидува да предизвика поделби во СДСМ преку различни платформи и поединци.

— реклама —

Филипче рече дека владејачката партија се соочува со пад на поддршката, а обидите за внатрешни поделби во СДСМ нема да успеат.

„Поддршката на ВМРО сериозно паѓа. Тие веќе изгубија над 150.000 гласови. И затоа сега дополнително се обидуваат преку некакви платформи и поединци да се занимаваат со СДСМ. Сакам јавно и јасно да порачам – нема да им успее. Нема да дозволам да се формира нов ЗНАМ“, изјави Филипче.

— реклама —

Тој додаде дека станува збор за, како што рече, „уценети луѓе“ кои ги следат директивите од „Белата палата“.

— реклама —

Филипче посочи и дека поддршката за СДСМ расте и дека сè повеќе млади луѓе, интелектуалци и граѓани повторно се вклучуваат во партиските активности.

Според него, интересот за новата програмска платформа на партијата е сè поголем, а програмата ќе биде промовирана на 7 јуни.

— реклама —

„Не само што СДСМ нема да исчезне, туку повторно ќе ја освои власта и ќе ја врати во рацете на граѓаните“, рече Филипче, додавајќи дека, според него, актуелната власт ќе мора да одговара за своето работење.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library62bnk9fqhlkmaaoDrOV

„Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик“, вели Филипче

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

„Ребалансот е признание за целосниот дебакл на економските политики на Мицкоски“, вели Филипче

Македонија | пред 3 дена

media-librarylkahrd2blppkb3GnKLp

Филипче до младите: Борбата за иднината на Македонија е ваша, со вас сум до победа!

Македонија | пред 4 дена

media-libraryngid0i693kqh8M7LkHi

„Горан Герасимовски го номинирам за нов потпретседател, СДСМ се зајакнува“, вели Филипче

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања