Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Филипче: Во изолација е возачот на комбето со кој се возела заразената од коронавирус

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
filipce-venko

Негативен е резултатот за коронавирус на лицето кое на 22 февруари се вратило од Италија во Струмица, а во болничка изолација е возачот на комбето со кое допатува и пациентката на која завчера во Скопје и беше потврден коронавирус.

— реклама —

„Возачот немал никакви контакти, дури ни со членови на семејството. Беше изолиран. Сега после неговото јавување и укажување дека има симптоми е транспортиран во оддел на соодветен начин во делот за изолација во болницата во Струмица“, изјави мининстерот за здравство, Венко Филипче.

Жената пак кај која беше потврден вирусот Корона е во стабилна состојба. А, пациентот за кого утровото соопшти Филипче дека е тестиран нема корона вирус.

— реклама —

Министерот за здравство д-р Филипче нагласи дека ситуацијата е под контрола и дека доколку се покаже за потребно воспоставениот систем за мониторирање и заштита е подготвен веднаш да ги преземе соодветните дополнителни мерки за изолација и запирање на ширењето на вирусот.

Министерот Филипче информираше дека Владата ја следи состојбата со залихите на заштитните средства и лекови во аптеките и доколку утврди неосновано покачување на цените ќе преземе соодветни мерки.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања