„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Филипче: Во моментов се прави координација со околните земји за отворање на границите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
04032020_MZ_Filipche_pres-konferencija-1

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче во вечерашното гостување во дебатната емисија „Топ Тема“ зборуваше за отворањето на границите и изјави дека во овој момент се прави координација на ниво на околните земји.

— реклама —

„Во секојдневна комуникација сме со Албанија, Грција и Бугарија во однос на тоа како ќе се одвива отворањето на границите. Постојат неколку предлози. Еден од предлозите е од следната недела се отвори патувањето за членови на фамилија или од службен економски интерес - патување во рамки на овие земји. Понатаму, после 15 јуни целосно да се отворат границите. Сега се води дискусија дали е потребно да има тестирање, претходно направено или не. Многу веројатно е дека нема да се бараат, бидејќи не претставува гаранција или сигурност. Претставува некаква сигурност ако е во комбинација со домашната изолација или карантините“, рече министерот Филипче.

Во емисијата, министерот Филипче посочи дека во ниту еден момент изборите не биле земени како предмет врз основа на коишто се анализирале бројките или се правеле некакви калкулации или се вложувале некакви мерки.

— реклама —

„Впрочем и сега, во ниту еден момент не беше побарано од Комисијата за заразни болести да каже дали треба или не треба да има избори. Беше побаран стручен протокол како, ако се одржат изборите, тие треба да се спроведат. И ние тоа го направивме - како треба да се одржува хигиената, маските, дистанцата. Никогаш Комисијата за заразни болести не била прашана дали треба да има избори, ниту пак има мандат да каже дали треба или не треба да има избори“, истакна Филипче.

Тој рече дека оваа состојба со КОВИД-19 ќе трае и потребно е сите да ги почитуваат мерките за заштита на сопственото и колективното здравје.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања