Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Филипче: Во наредните денови обезбедуваме уште 50 легла за ковид пациенти на Клиниката за уво, нос и грло

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
koronavirus-kovid-19-pacient-lekari-2

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утрово направи обиколка низ интерните клиники во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“. Тој го посети и ново отворениот ковид центар на Клиниката за очни болести, кој од утрово почна со работа.

- Целиот здравствен систем е координиран и усогласен со сите јавно-здравствени установи. Во сите установи работи стручен медицински кадар. Здравствените работници се преморени, меѓутоа тие не се откажуваат и го даваат својот максимум во третманот на пациентите“, изјави Филипче.

— реклама —

Во ковид центарот во Клиниката за очни болести хоспитализиран е првиот пациент, а целото одделение располага со капацитет од 23 кревети. Клиниката е спремна да помогне во грижувањето на сите оние пациенти на кои им е потребна хоспитализација и кислородна поддршка.

— реклама —

Следен чекор е зголемување на болничките капацитетите со 50 легла за ковид пациенти и на Клиниката за уво, нос и грло. Во следните денови се очекува да биде комплетно спремна оваа установа, во која во моментов се поставува централен довод на кислород.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања