Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Филипче: Во тек е реновирање на Клиниката за максилофацијална хирургија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

— реклама —
Клиниката за хирургија, вилици и врат - максилофацијална хирургија информира дека во тек е подобрување на условите во установата. Преку донација од Амбасадата на Соединетите Американски Држави, во вредност од 350 илјади евра комплетно се реновира целиот објект, со вкупна површина од 1500м2.

— реклама —
Проектот се реализира во три фази, согласно американските договорни регулативи, врз основа на барањата на командата за инженерство на морнарицата и поморските капацитети на САД.

„И покрај здравствената криза предизвикана од Ковид-19 продолжуваме со подобрување на условите во јавноздравствените установи. На пациентите им овозможуваме квалитетна здравствена заштита на повисоко ниво. Досега реновиравме 32 установи, а во тек е подобрување на повеќе клиники и болници во државата. Првата фаза од реновирањето вклучува изградба на нов лифт, кој ќе ги поврзува приземјето, првиот и вториот кат. Поставување изолација и замена на таванот на вториот спрат, реновирање на болнички соби, простории за вработени, ходници и тоалети“, изјави министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче.

— реклама —

Со дислоцирање на старата и дотраена опрема и инвентар, Клиниката доби 27 нови болнички кревети од Министерството за здравство. Исто така, со поддршка од Министерството установата набави агрегат за довод на електрична енергија.

— реклама —

Работниот процес на клиниката се одвива континуирано, согласно движењето на градежните активности.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања