Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Филипче: Воведовме три нови типови инсулин, кои се најнова генерација на лекови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
DSC08968

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, денеска присуствуваше на централниот настан за одбележување Светски ден против дијабетесот, во организација на Сојузот на здруженија на дијабетичари, со поддршка од Министерство за здравство, здруженија, институции и компании.

— реклама —

Во своето обраќање тој нагласи дека Министерството за здравство е целосно посветено на обезбедување најквалитетен третман за сите пациенти со дијабетес мелитус и сите лица на инсулинска терапија се соодветно снабдени со инсулин, потенцирајќи дека грижата за лицата со дијабет и обезбедувањето соодветна инсулинска терапија е врвен приоритет на Министерството за здравство.

-Во изминатиот период воведовме три нови типови инсулин, кои се најнова генерација на лекови и два нови инсулински аналога. Исто така, е направена многу значајна измена на Законот за паралелен увоз на лекови, со што во земјава се донесени оригинални инсулини со сертификат какви што се носат во сите развиени европски земји. Со тоа значајно се подобрува квалитетот на третманот на дијабетесот. Воедно, се подобрува и кардиоваскуларниот ефект, заради тоа што има многу поголемо влијание на кардиоваскуларниот систем. Во изминатиот период активно работевме со сите чинители, кои имаат улога во овој процес во изготвување на новата десетгодишна стратегија за третман на дијабетес, која во себе содржи елементи, кои ја подобруваат превенцијата, раното откривање на дијабетесот, соодветниот третман на ниво на секундарна и терциерна здравствена заштита. По носењето на оваа стратегија ќе почне ревитализација на сите центри за дијабетес ширум државата, истакна министерот Филипче.

— реклама —

Во рамки на Националниот електронски систем МојТермин функционира посебен софтвер и во реално време се следи потрошувачката и снабдувањето со инсулин и ленти за мерење шеќер во сите установи и нашата држава е пример за таков тип софтвер, единствен во регионот.

Во иднина продолжуваме со активностите за подигнување на јавната свест преку едукација, трибини и обезбедување најсовремена терапија за пациентите со дијабетес, што го реализираме во соработка со Клиниката за ендокринологија, каде значително се унапредени условите за третман на пациентите и изминатиот период е извршено реновирање на одделението за интензивна нега, собата за изолација, а исто така е набавена и медицинска опрема, како што се микроскопи, пациент-монитори, систем за мониторирање гликемија, ЕКГ и друга медицинска опрема.

фото: министерство за здравство

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања