Филипче: Воведуваме три нови типови на инсулин, еден од нив наменет за децата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче, денеска зборуваше на форумот „Што е потребно за добра контрола на дијабетесот и среќно семејство“, во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на дијабетес - 14 Ноември, во организација на Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија - Баланс МК.

— реклама —

Во своето обраќање, министерот Филипче истакна дека детскиот дијабетес како еден од најголемите предизвици на Министерството за здравство е надминат.

— реклама —

„Го укинавме паралелниот увоз на инсулин и терапија за дијабетис. Паралелниот увоз не гарантираше квалитет на инсулинот, ниту пак имавме контрола дали терапијата која им е потребна на пациентите во земјава влегува исправна, дали е запазен неопходниот ладен синџир кога се транспортираат овие лекови“, потенцираше министерот Филипче.

— реклама —

Министерство за здравство воведе три нови типови на Инсулин, кои се најнова генерација на лекови. Еден од нив е наменет за децата, а станува збор за Тресибата.

Министерството за здравство, сега е пред нов предизвик, да обезбеди сензори за континуирано мерење на гликемијата во крвта. За почеток потребни се околу 500 вакви сензори, за да можат да се покријат месечните потреби на децата. Со набавката на овие сензорни мерачи ќе им олесниме и на бремените жени кои имаат гестациски дијабетес.

„Ние како Министерство, но и како општество секако треба многу повеќе да обрнеме внимание на стиматизирањето на децата со дијабет. Сведоци сме дека дел од овие деца имаат пречки да бидат дел од предучилишниот процес во градинките, поради стравот на кадарот. За жал, стигматизирање има и во училиштата се разбира неоправдано. Дијабетисот не е заболување тоа е состојба, која ние се трудиме да ја олесниме и ги охрабруваме и децата и родителите сосема храбро да чекорат низ животот и со дијабетис“, изјави министерот Филипче.

Во Македонија има регистрирани 500 дечиња помлади од 14 години кои имаат дијабетис и секојдневно примаат инсулинска терапија.

Во моментов во светот има повеќе од 425 милиони лица кои имаат дијабетис, а се предвидува дека до крајот до крајот на 2030 година, бројот на лица со дијабетис ќе изнесува барем двојно повеќе.

Министерството подолжува и понатаму да ја крева јавната свест преку едукација, трибини, да обезбедува најдобри и најсовремени терапии и лекови за пациентите со дијабетес и да соработува со граѓанските организации за подобрување на условите и квалитетот на животот на децата со дијабетес.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања