Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Филипче: Време е за правда, Груевски мора да се врати и да одговара

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library0cbv34ooa65r0MRC9e5

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека доаѓа време за вистина, правда и одговорност, оценувајќи дека политичките промени во Унгарија отвораат ново поглавје во однос на случајот со Никола Груевски.

— реклама —

Тој истакна дека новата унгарска власт испратила порака дека повеќе нема да обезбедува засолниште за лица кои бегаат од правдата.

„Ја поздравувам јасната и недвосмислена порака на новиот унгарски премиер Петар Маѓар од вчерашната прес конференција. Новата унгарска власт повеќе нема да обезбедува засолниште на луѓето кои бегаат од правдата. Маѓар експлицитно наведе дека Унгарија ќе ги испорача оние кои се кријат на нејзина територија и директно го означи Никола Груевски како криминалец. Ова е конечен крај на ерата во која Будимпешта беше безбедно засолниште за сите осудени корумпирани криминалци“, рече Филипче.

— реклама —

Филипче побара од власта да одговори дали е поднесено барање за екстрадиција на Никола Груевски.

— реклама —

„Бидејќи движењето ЗНАМ веќе честиташе на победата на новиот унгарски премиер, сега го поставуваме прашањето: дали оваа Влада на ВМРО и ЗНАМ има поднесено барање за враќање на Никола Груевски. Доколку нема, зошто нема? И дали по изјавите од новата унгарска власт ќе биде поднесено такво барање“, рече Филипче.

Тој додаде дека правдата, иако доцни, на крајот секогаш стигнува.

— реклама —

„Сега се поставува прашањето што ќе прави Никола Груевски кога повеќе нема заштита во Будимпешта – дали ќе остане таму, ќе замине во друга држава или ќе се врати за да ја отслужи казната“, изјави Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања