„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Филипче: За две години, процентот на починати предвремено родени деца e намален за над 50%

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

— реклама —

За помалку од 2 години процентот на починати предвремено родени бебиња го намаливме за 50%. Тоа е доказ дека политиките на СДСМ во здравството се реални и се темелат на добри анализи и даваат одлични резултати. Во 2016 година промилот на предвремено родените бебиња коишто починале во раниот неонатален период бил 7,5 промили, во доенечкиот период 12 промили и во перинаталниот период 14 промили, сите овие се далеку над европскиот просек. Тоа е доказ дека политиките коишто ги водеше ВМРО-ДПМНЕ во здравството беше нереална и инвестиции во непотребни работи, и во светот на неонаталогијата ќе остане запаметена како две бебиња во еден инкубатор, истакна Венко Филипче, претседател на Комисија за здравство на СДСМ.

— реклама —

Тоа што ние го правиме е вистинска инвестиција, прво се надгради знаењето на персоналот коишто работат на интезивната нега, донесовме експертиза од странство - доктори од реномирани европски центри.

Се воведоа бројни протоколи за работа како што се во сите развиени светски и европски болници. Се примија голем број на доктори и медицински сестри, и сериозно го намалија дефицитот на неонатолози и педијатри коишто работата во овие одделенија.

Се спроведе посебна обука заедно со експерти од ----- и заедно со експерти од Холандија и Германија, коишто работеа на класифицирање на нашите одделенија. Оваа експертиза понатау се прошири преку специјални обуки на неонатолозите, гинеколозите и акушерите коишто работат на сите родилишта во нашата земја.

Се купи опрема, владата инвестираше 20 инкубатори со цел секое дете биде сместено во посебен инкубатор.

Се инвестираше многу сериозно во нова опрема којашто значително го подобри квалитетот на третман на предвремено родените бебиња, тоа се апарати за неинвазивна вентилација, апарати кои ја поддржуваат белодробната функција кај најмалите бебиња којшто се родени со исклучително мала тежина.

Денес, споредено со 2016 година, раниот неонатален морталитет падне од 7,5 на 3,5 промили. Доенечката смртност од 12 на 6 промили, и вкупниот перинатален морталитет од 14 на 10 промили.

Ова е доказ како се водат здравствените политики. Добро планирано, со добра анализа и со инверстирање таму каде што треба. Пред се во кадарот, опремата и инфраструктурата.

Со ваквите политики СДСМ ќе продолжи  и во иднина, се со цел да го приближиме нашето здравство што повеќе до европското и светски развиеното здравство, истакна Венко Филипче, претседател на Комисија за здравство на СДСМ.

NfLqHKQeloY

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања