Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Филипче за новиот антикорупциски закон: Гаранција дека корупцијата ќе има име и презиме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryiafq8mcg92hr4Q1b2cH

Новиот Закон за нулта толеранција на корупција и дигитална транспарентност не е само закон, туку гаранција дека корупцијата ќе има име и презиме, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција.

Филипче посочи дека државата има потреба од ваков закон бидејќи  граѓаните повеќе немаат доверба во системот поради долгогодишните празни ветувања и недостатокот на конкретни резултати во борбата против корупцијата.

— реклама —


„Зошто сите се обединуваме околу овој закон? Затоа што граѓаните повеќе немаат доверба во овој систем. Не може само ветувања, празни зборови, а при тоа ништо конкретно не се менува и ние стоиме во место“, рече Филипче.

— реклама —


Тој нагласи дека се потребни суштински промени и конкретни мерки кои целосно ќе го променат начинот на функционирање на институциите и ќе донесат вистинска одговорност.


„Потребни се конкретни дела кои од корен ќе ја сменат работата и ќе го сменат системот. Конкретна работа која што на граѓаните ќе им даде гаранција. И веднаш штом се создадат услови - целосно присутство и на Европското обвинителство. Тоа треба да се направи, затоа што навистина веќе е доста“, рече Филипче.

— реклама —


Филипче порача дека новиот закон ќе значи крај на неказнивоста и воспоставување на систем во кој секој што го прекршил законот ќе сноси одговорност.

— реклама —


„Ова не е само закон, ова е гаранција дека корупцијата ќе има име и презиме и датум на суд. Секој кој го прекршил законот ќе одговара“, рече Филипче.


Инаку Законот за нулта толеранција на корупција и дигитална транспарентност е клучниот столб од Фронтот за вистина, што денеска го презентираше Филипче. Во законот е предвидено проширување на соработката со Европското јавно обвинителство,основање на национална антикорупциска дирекција според моделот на романскиот ДНА,  задолжителна електронска декларација на имот, целосна дигитализација на јавните набавки, тендери и услуги според естонскиот модел,заштита и награда за свиркачи кои ќе пријават корупција, регистар на црна листа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6k2mno83vtst6eP3wWt

„Гордана Димитриеска Кочоска да си поднесе оставка, лаже за Алта банка“, вели Филипче

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Не им дозволуваат на граѓаните да си ги земат парите за да го спасат капиталот на криминалната банка“, обвини Филипче зборувјќи за „Алта“

Македонија | пред 5 дена

media-libraryesl6lk5d2sbn9mZIdPT

(Видео) „Алта банка е уште еден доказ колку е криминална и арамиска власта на Мицкоски“, вели Филипче

Македонија | пред 1 седмица

media-library93nenmtullj09tH7s2N

(Видео) Филипче: Укажувавме за Алта банка - блиска до Вучиќ, пари од криминал, трговија со дрога, опљачкани од народот

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања