Филипче: За првпат се набавуваат сензори за мерење гликемија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
filipce-venko

На 14 ноември Светскиот ден на дијабетесот годинава се обележуваат – 100 години од откривањето на инсулинот. „Пристап до современа дијабетска заштита“ е мотот на овој јубилеј, а ова само ја нагласува важноста за грижа на секој здравствен систем кон лицата со дијабет, односно пристап до модерна иновативна терапија, како би им се овозможил нормален живот на овие луѓе.

— реклама —

Министерот за здравство д-р Венко Филипче на Форумот организиран во чест на Светскиот ден за борба со дијабет, посочи за заложбите изминативе 4 години, кои се направени за унапредување на здравјето на лицата со дијабет и обезбедувањето современ пристап на лекување.

— реклама —

-Го укинавме паралелниот увоз на инсулин и терапија за дијабетис. Паралелниот увоз не гарантираше квалитет на инсулинот, ниту пак имавме контрола дали терапијата која им е потребна на пациентите во земјава влегува исправна, дали е запазен неопходниот ладен синџир кога се транспортираат овие лекови. Со измените на законот за паралелен увоз воведовме сертификат за квалитет, како и систем за следење, и сега знаеме која доза лек каде завршила. Веќе не станува збор само за тоа како се третира дијабетот, туку секогаш мора да имаме предвид дека станува збор за начин на живот.Што значи дека не е само инсулинот како инсулин, како препарат, туку како целокупната филозофија и целокупниот пристап кон овие пациенти со цел тие да имаа што понормален живот, посебно децата, за да имаат нормален раст и развој. Имаме интензивна комуникација со претставниците на здруженијата за дијабет. Најпрво успеавме да слушнеме кои се вистинските проблеми, врз основа на проблемите со кои тие се соочуваат ги димензионираме нашите политики. Решенијата треба да им служат на тие на кои што се наменети – посочи министерот Филипче.

— реклама —

Министерот рече дека сега се обезбедени пет нови препарати коишто овозможуваат уште подобра контрола на гликемијата, инсулини кои се кардиопротективни, го штитат срцето и крвните садови и со многу помала количина се контролира инсулинот до 20%.

-Она што во овој момент го правиме е постапката за првпат во нашата земја се набават сензори за мерење гликемија, а тоа значи дека наместо вообичаените боцкања за земање крв и мерење на шеќерот, сега се ставаат специјални сензори на надлактицата и тоа се мери со електронски девајс или со мобилен телефон – врз oснова на најнова технологија. Со ова уште повеќе го зголемуваме квалитетот на живот за овие пациенти, посебно за децата со што значително ќе се намали траумата која ја доживуваат од секојдневните боцкања со игли – рече Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања