Засега нема потреба од допoлнителни рестриктивни мерки, бидејќи по иницијалното зголемување на бројот на заразени од Ковид -19 состојбата се стабилизира.
– Тие контроли на случаите и увид во епидемиолошките анкети кои ги прават епидемиолозите сега засега не оставаат простор за некаква паника, односно дека има најава дека има неконтролирано ширење на вирусот, нешто што би требало да наметне потреба од некакви дополнителни рестриктивни мерки. Искрено се надевам дека никој од нас ниту ние, ниту нашата земја, ниту целиот регион заради тоа што очигледно дека насекаде има иста или слична епидемиолошка ситуација, нема да се соочиме со таква ситуација да треба да препорачаме рестрикција, истакна Филипче.
Министерот потенцира дека маските на отворено засега не се задолжителни, меѓутоа доаѓа есенски, зимски период во кој луѓето треба да се штитат и од настинки и од сезонски грип.
– Исто така во повеќе меѓународни списанија се укажува дека е можно и ПМ честичките во ситуација кога има загадување да бидат преносители на вирусот. Значи тоа се аргументите кои ние ги евалуираме и врз основа на кои носиме препорака каква мерка ќе се донесе. Имаме честа комуникација со претседателот Пендаровски, се интересира и му давам информација за тоа каква е состојбата со епидемијата. Засега нема знаци дека треба да се препорача и некаква друга дополнителна поблага рестрикција, а далеку секако и од таков целосен карантин, рече Филипче.