Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Филипче: Здравствените работници се преморени ама не се откажуваат, да ги поддржиме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
filipce-1

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, вчера, по 10. седница на советот за безбедност истакна дека сега е најтешкиот период во справувањето со коронавирусот, а здравствените работници се под огромен притисок, но не се откажуваат.

,,Насекаде се истите мерки имплементирани. Помалку или повеќе тоа се модификации на истите принципи на превенција на спречување на ширење на вирусот. Здравствените работници посебно овој период се под огромен притисок. Огромен дел од нив се преморени ама не се предаваат. Тие и понатаму пожртвувано работат и се повеќе и со поголем ентузијазам се вклучуваат и во новите одделенија - делови од болници коишто сега ги планираме и во следниот период да станат ковид-центри", потенцираше Филипче и апелираше до сите граѓани да се почитува работата на здравствените работници и да се почитуваат мерките за заштита во целост.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања