Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Филипче: Зошто Центарот за јавно здравје не ја испитувало водата во Гостивар секој ден?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryn4v4amutq8fif3sFsuo

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција од Гостивар побара одговори од надлежните институции зошто, според него, Центарот за јавно здравје не вршел секојдневни анализи на водата за пиење и зошто навреме не биле преземени мерки по појавата на зголемен број пациенти.

— реклама —

Филипче оцени дека станува збор за прашања поврзани со заштитата на јавното здравје и побара да се утврди како институциите постапувале во текот на изминатиот период.

„Зошто Центарот за јавно здравје не ја испитувал водата секој ден? Зошто по појавата на наплив на пациенти не била направена детална епидемиолошка анализа за да се утврди причината и зошто здравствените власти не реагирале навреме?“, изјави Филипче.

— реклама —

Тој постави прашања и за тоа како се обезбедува безбедноста на граѓаните во моментот, особено во угостителските објекти и на настани каде што се подготвува и послужува храна.

— реклама —

Според Филипче, институциите треба да објаснат што подразбира препораката за користење техничка вода, од каде се обезбедува и кој гарантира дека таа е соодветна за намената за која се користи.

Тој предупреди дека секое неодговорно постапување може да доведе до нови здравствени ризици и побара Министерството за здравство и другите надлежни институции јавно да ги објават резултатите од сите анализи и контроли на водата.

— реклама —

„Граѓаните имаат право да знаат. Фактите, анализите и резултатите треба да бидат јавно достапни, бидејќи навремената информација е дел од заштитата на јавното здравје“, изјави Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo8gsngqa5ffq3huQUuP

Филипче: Мицкоски е пион на оската Орбан–Вучиќ за ограбување на земјата и запирање на европскиот пат

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

Филипче: Алта банка е дел од политичките концесии кон Вучиќ, власта добро знаела кој е Мацура

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

Филипче: Повеќе пари без тендер, помалку контрола - СДСМ против измените на Законот за јавни набавки

Македонија | пред 1 ден

media-library9jh8rln362q60YzjDzg

(Видео) „Со кого преговарал Мицкоски за Алта банка – со Мацура, со Вучиќ или со двајцата?“, вели Филипче

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања