„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Филипче:Извозот на цвет од канабис ќе значи бенефит и за пациентите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
filipce-1

Новите измени во Закон за опојни дроги е процес кој вклучува повеќе државни институции, граѓански организации, здруженија на пациенти и невладин сектор, истакна министерот за здравство д-р Венко Филипче во синоќешното гостување во емисијата 360 на Алсат. Законската надлежност во моментов на Министерството за здравство согласно Законот за опојни дроги е издавањето лиценци за одгледувањето на канабис за медицински цели, како и препишување на канабис за медицинска употреба. Со измените на Законот за опојни дроги, поточно измена во извозот на цветот од канабис, економскиот бенефит ќе го почувствуваат и пациентите.

— реклама —

-Економскиот бенефит, директно ќе го осетат нашите пациенти. Таа програма на Владата преку која ќе се регулира како ќе се користат средствата од даноците ќе биде наменета, меѓудругото и на програмите во Министерството за здравство. Така почнавме, да ги зголемиме програмите во делот на ретките болести, а за тоа имаме согласност и поддршка од здруженијата на пациенти со ретки болести. Понатаму, размислуваме во делот на проширување на дијагнозите, како проширување на лекари специјалисти оди во прилог на тоа дека еден од приоритетите е интересот на пациентите, имајќи го предвид и сегашниот интерес на сегашните специјализанти кои имаат лиценца да ги даваат овие два рецепти за медицински канабис - рече Филипче.

Декриминализацијата на канабисот е комплексно прашање, рече Филипче опфаќа повеќе сектори и повеќе институции. Од голема важност во тој процес се идеите на граѓанските организации, здруженијата на пациенти, Министерството за здравство, Министерството за правда и Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

-Оваа дебата треба да се развие. Следен чекор е промена не само на Законот за опојни дроги туку и на други закони на пример Кривичниот законик за кој мора да се вклучат и претставници на Министерството за правда. Сегашниот систем кој го регулира одгледувањето, лиценцирањето на компаниите за одгледување на медицински канабис, извозот понатаму во делот на препишување од страна на лекари специјалисти е нешто што е само наша активност меѓутоа ова бара една навистина широка дебата во општеството да се слушнат буквално сите чинители - изјави Филипче.

Министерството за здравство согласно Законот за опојни дроги досега има издадено 60-тина лиценци на компании кои направиле инвестиција со вработување на млади кадри, експерти од областа на фармацијата, агрикултура итн. Овој закон предвидува препишување на канабис за медицинска употреба согласно концентрацијата на ТХЦ, што го користат повеќе лекари-специјалисти кои лекуваат болести за кои е индицирана употребата на канабисот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања