„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Филипче:Подготвена е инфраструктурата за чување и дистрибуција на вакцината против Ковид 19

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска посети дел од економските оператори кај кои ќе се чува вакцината за Ковид 19. Станува збор за дистрибутери кои веќе работат на оваа поле односно вклучени се во постојаниот систем на вакцинација, во делот што се однесува на складирање и дистрибуција на други вакцини. Министерот со дел од стручните тимови на дистрибутерите направи обиколка на ладните соби, и фрижидерите во кои веќе се чуваат вакцини од имунолошкиот календар на Министерството за здравство и со нив разговараше како и на кој начин ќе се чува и дистрибуира вакцината за Ковид 19, кога ќе пристигне во нашата земја.

— реклама —

Операторите во своите постоечки капацитети имаат комори и ладни соби од 0 до 8 степени целзиусови, како и фрижидери до -20 степени целзиусови, како и возила со ладилници како би го запазиле „ладниот синџир“ при дистрбуција на вакцините. Дополнително Министерството за здравство операторите ќе ги снабди со фрижидери до - 70 степени целзиусови кои во земјава ќе пристигнат кон средината на јануари.

— реклама —

Филипче се заблагодари на економските оператори за согласноста да бидат дел од овој систем, а за понудените услуги Министерството за здравство со нив ќе потпише договори.

Вакцинацијата ќе се врши во веќе постоечките вакцинални пунктовите односно во здравствените установи низ државата. Сите вакцини за Ковид 19 се безбедни и ќе бидат бесплати за граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања