Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Филипче: Алта банка е дел од политичките концесии кон Вучиќ, власта добро знаела кој е Мацура

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 19 минути -

Македонија
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвини дека влезот на Алта банка во Македонија е резултат на политички договори меѓу власта и режимот на српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој тврди дека надлежните добро знаеле кој е Давор Мацура и дека дозволувањето на преземањето на Стопанска банка Битола не било случајно.

— реклама —

Во гостувањето на телевизија Сител, Филипче најави надзорна расправа за случајот, на која треба да бидат повикани околу 30 лица, меѓу кои премиерот Христијан Мицкоски, претседателката на државата, министерката за финансии, гувернерот и вицегувернерите, како и претставници на Алта банка и надлежните институции.

— реклама —
— реклама —

Тој побара одговори за потеклото на парите, финансиските трансакции и улогата на Владата во продажбата на акциите на јавните претпријатија во Стопанска банка Битола. Особено ја доведе во прашање улогата на премиерот и министерката за финансии, тврдејќи дека тие влијаеле јавните претпријатија да ги продадат акциите на Алта банка.

— реклама —

Филипче порача дека сите лица со политичка или институционална одговорност треба да одговорат пред јавноста и дека расправата треба да трае онолку колку што е потребно за да се отворат сите прашања.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

Филипче: Повеќе пари без тендер, помалку контрола - СДСМ против измените на Законот за јавни набавки

Македонија | пред 6 часа

— реклама —
media-library9jh8rln362q60YzjDzg

(Видео) „Со кого преговарал Мицкоски за Алта банка – со Мацура, со Вучиќ или со двајцата?“, вели Филипче

Македонија | пред 7 часа

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

(Видео) „Кој е Мицкоски да продава банки, што е тој премиер или дилер за продажба на Алта банка?“, вели Филипче

Македонија | пред 8 часа

media-library6k2mno83vtst6eP3wWt

„Гордана Димитриеска Кочоска да си поднесе оставка, лаже за Алта банка“, вели Филипче

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања